Изборните каравани не престануваат да редат „бисери“. Професорката Гордана Силјановска на почетокот од своето обраќање во Неготино, ги поздрави присутните со „драги кавадарчани“.
– Колку инспиративна атмосфера, драги кавадарчани!
Откако почнаа реакциите од присутните, Силјановска се обиде да се исправи:
– Длабоко ви се извинувам, најпочитувани неготинчани!
Зоран Заев, во стилот на Мерлин Монро му честиташе роденден на кандидатот за претседател Стево Пендаровски.


