-Моите братучеди имаат работа, тие се во приватен сектор, не се во администрација. Имаат поважна работа од тоа да го следат Мицкоски, одговори премиерот Зоран Заев во телевизиско интервју на обвинувањата дека возило „бентли“ на негов братучед го следел лидерот на ВМРО ДПМНЕ во близина на Будимпешта.
На прашањето што му требаше на неговиот брат Трајче Заев да го тужи потпретседателот на опозициската партија, Александар Николовски, Заев рече дека не знаел да тужбата. Го оправда дека неговиот брат бил повреден и побарал правда, иако политички му наштетил. Заев кажа дека ги разубедил неговите блиски да аплицираат во Фондот за иновации, кои имале подготвено два проекти.


