ВМРО-ДПМНЕ: Министерката за правда тргна да го брани премиерот кој носи неправда – ММС
ММС

Објавено на: 04/3/19 6:36 PM

ВМРО-ДПМНЕ: Министерката за правда тргна да го брани премиерот кој носи неправда

ВМРО ДПМНЕ во соопштение реагира на изјавата на министерката за правда Рената Дескоска.

-Очигледно министерката за правда тргна да го брани премиерот кој носи неправда. И ја разбираме, иако не ја оправдуваме Дескоска има задача да оправдува аболиран човек, и тоа не е лесна задача.Ама не се дрзнува да говори јавно за тоа бидејќи нели Заев е божество, или во најмала рака Тито како што го викаат на неговите приврзаници на митинзите.

Но, реалноста е дека ниту Заев е Тито ниту некакво божество, туку човекот кој полустуткан од својот кабинет бараше мито едно евро за црквата, едно евро за Вицето. Ете затоа Заев не сака правда, зашто тој е лицето на неправдата, реагираат од ВМРО ДПМНЕ.