Зоран Заев и Стево Пендаровски очигледно се срамат од македонската химна – изјави денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски одговарајќи на новинарско прашање како го оценува пречекот на Ципрас без интонирање на македонската химна.
„Јавноста очекува одговор дали биле уценети или може биле заплашени да не смеат да ја интонираат македонската химна и со тоа да ги навредат односно да ги омаловажат Македонските граѓани. Образложението дека селфито на Заев на ручекот со Алексис Ципрас грчкиот премиер биле поважни од одвојувањето време за интонирање на химната е навистина срамно и е огромно понижување на сите граѓани на Република Македонија. Тоа што Заев и Пендаровски немаат време за македонската химна е до сега е најголем срам за Македонците, за граѓаните на Република Македонија и за државата во историјата на постоењето на Република Македонија“, додаде Арсовски.
Тој побара Заев и Пендаровски да се извинат за како што рече, срамот што и’ го нанеле на државата.


