Закерберг не може да гарантира дека нема да има мешање во евроизборите – ММС
ММС

Објавено на: 04/3/19 6:06 PM

Закерберг не може да гарантира дека нема да има мешање во евроизборите

Основачот на Фејсбук, Марк Закерберг не е во можност да гарантира дека нема да има малициозни надворешни влијанија преку социјалните мрежи врз претстојните избори за Европскиот парламент. Тој за ова говореше во интервју за „Ајриш Тајмс“.

„Со сигурност направивме голем напредок во градењето одбрана за да се заштити интегритетот на изборите. Но нема ниту една работа која можеме да ја направиме и да кажеме, во ред, решен е проблемот“,  изјави Закерберг.

Социјалната мрежа Фејсбук повеќе пати беше критикувана дека не вршела недоволно го контролила начинот на кој се злоупотребува платформата во политички цели, посебно за време на американските претседателски избори, но и во кампањата за референдумот за Брегзит.

Ланскиот скандал со консултантската фирма „Кембриџ Аналитика“обелодени големи слабости во заштитата на личните податоци на корисниците на мрежата од страна на политички фактори.

Според Закерберг, Фејсбук сепак подготвува низа мерка за да ја обезбеди максимално својата мрежа пред мајските избори за Европскиот парламент. За таа цел социјалната мрежа ќе ги проверуваа идентитетите на корисниците кои сакаат да вршат политичко рекламирање и ќе соработува со разузнавачките служби и изборните комисии за да се спречи ширењето на лажни вести, најави шефот на Фејсбук, предупредувајќи дека регулирањето на интернет просторот не може да биде одговорност само на приватните компании, туку дека и државите треба да се инволвираат во овој процес.