Познатата Титова пештара во Дрвар е затворена за туристи на неопределено време, бидејќи одрон од долготрајните врнежи сериозно ја оштетил дрвената барака на влезот, соопштила за босански медиуми началничката на Општината Дрвар, Душица Руниќ. Нагласила и оти познатата Титова пештера е дел од спомен-комплекост „25 Мај 1944“, еден од главните извори на приходи на локалната самоуправа, но, сепак, мора да се затвори заради безбедноста на туристите.
Руниќ вели и оти Општината е во тешка финансиска состојба, па немала пари за санација. Побарале помош од кантоналните и државните власти, но не наишле на разбирање.
Титовата пештера и комплексот во Дрвар до последната војна во БиХ годишно ги посетувале по 200.000 туристи, а оттогаш наваму по 5.000 до 10.000.


