Припадничките на италијанската воена морнарица Лорела Ципро (33) и Роса Марија Могаверо (28) склучиле животно партнерство, вчера осамнале и на насловната страница на „Кориере дела сера“ како во униформи на морнарицата примаат честитки од колегите, а италијанската министерка за одбрана Елизабета Трента им испратила честитка, истакнувајќи дека е среќна кога ги видела нивните толку радосни лица.
Тоа е прво животно партнерство помеѓу две жени во италијанската армија. Претходно, во 2016 година, животно партнерство склучиле двајца мажи, исто така дел од воената морнарица.


