Invest North Macedonia на најголемиот индустриски саем HANNOVER MESSE 2019 – ММС
ММС

Објавено на: 04/3/19 11:19 AM

Invest North Macedonia на најголемиот индустриски саем HANNOVER MESSE 2019

Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Рeпублика Северна Македонија од 1-5 април преку поддршка на домашни компании учествува на саемот HANNOVER MESSE 2019 во Хановер, Германија.

Преку Агенцијата, во рамки на националниот штанд и под логото Invest North Macedonia шест македонски компании од областа на електро-металната индустрија имаат можност да ги презентираат своите производи и да организираат средби и состаноци со останатите учесници на саемот. На свеченото отварање на саемот свое обраќање имаше и германската канцеларка Ангела Меркел и Премиерот на Шведска.

HANNOVER MESSE 2019 претставува склоп од шест саеми на една платформа. На најголемиот индустриски саем во светот, со 6500 изложувачи од цел свет на повеќе од 200 000 м2 изложбен простор учество земаа 15 компании од Балканот, од кои 6 се наши домашни компании. HANNOVER MESSE е идеално место за вмрежување и нов бизнис.

Во рамки на саемот се одржаа и Б2Б средби помеѓу сите пријавени компании со однапред организирани состаноци, се со цел продлабочување на соработката во насока на зголемен извоз како и ширење на бизнис контактите со компании – потенцијални партнери за извоз кон земјите во ЕУ и пошироко, меѓу другото домашните компании одржаа состаноци и средби и со многу европски компании и компании од Кина.

Нашите компании ќе имаат можност да најдат целосен опсег на технички иновации низ целиот синџир на вредности – од автоматизација до решенија за добавувачи, на кој учество земаат голем број од клучните носители на одлуки.