Наместо на паркинг, автомобил на ,,капење“ во Охридското Езеро – ММС
ММС

Објавено на: 04/3/19 10:40 AM

Наместо на паркинг, автомобил на ,,капење“ во Охридското Езеро

Мало невнимание на возачот и моторно возило заврши во водите на Охридското Езеро.

Незгодата во која нема повредени, се случи утрово на паркиралиште на Кејот „Македонија“ во центарот на Охрид, на местото каде се спојува со улицата „Јане Сандански“.

Полицијата врши увид за утврдување на околностите што довеле до оваа невообичаена незгода.

Според она што можеше да се види на лице место, се работи за невнимание на женско лице кое изгубило контрола врз возилото при обид да направи маневар за паркирање.

 

Преземено-МИА