Група демонстранти за време на посетата на Ципрас протестираа против промената на името – ММС
ММС

Објавено на: 04/2/19 6:07 PM

Група демонстранти за време на посетата на Ципрас протестираа против промената на името

Неколку десетици демонстранти за време на денешната официјална посета на грчката владина делегација протестираа пред Владата и низ центарот на Скопје. Тие извикуваа повици против Договорот од Преспа и промената на уставното име.

Групата дојде и пред зградата на Владата и за време на влегувањето на грчкиот премиер Алексис Ципрас мавтаа со знамето со сонцето од Кутлеш и извикуваа против Договорот од Преспа.

Организатор на овој протест беше Семакедонскиот национален совет Македониум.

„Бадијала не броите. Вие се плашите од кучиња што лаат“, им порачаа демонстрантите на полицијата, извикувајќи „Бојкот“, „Оставка“, „Носете не одма во Идризово“…