Ново национално радио на албански јазик го доби тендерот од АВМУ – ММС
ММС

Објавено на: 04/2/19 4:06 PM

Ново национално радио на албански јазик го доби тендерот од АВМУ

Со шест гласа „за“ и ниту еден против, доделена  е дозвола за национално радио кое ќе зрачи во медиумскиот простор на албански јазик.

Ваквата одлука денеска ја донесе Агенцијата за аудио и аудио визуелни медиумски услуги, на 16 –та седница. На тендерот распишан од Агенцијата за доделување дозвола за радиоемитување на програмски сервис на државно ниво, пријавени биле три апликанти. Поради не уредност на документацијата две пријави се отфлени, велат од Советот на Агенцијата.

„Се предлага на Советот да донесе одлука, за да ја додели дозволата за радиоемитување на програмски сервис, разговорно музичко радио специјализиран формат во кој доминантен вид на програма има забавна функција, на албански и македонски јазик на државно нивона физичкото лице Фисник Атеши. Исто така би сакал да нагласам дека доделувањето на оваа дозвола е повеќе годишна која поизлегува со одлуките на Советот за доделување дозвола од ваков формат“, рече директорот на Агенцијата Зоран Трајчевски

Иако првично тендерот беше распишан на 65 дена, поради измена на законот за аудио и аудио визуелни медиумски услуги, продолжен е на 90 дена колку што дозволува законската рамка, велат од Советот. Потенцираат дека идеите биле квалитетни и на двата апликантни кои се отфрлни но како недостаток ја наведуваат неуредната документацијата.

На отворањето на понудите, апликантот кој го доби тендерот имал непотполна документација, но сепак со продолжување на рокот дадена му е шанса за да документите се достават дополнително, со што два одбиени апликанти се ставени во деповолна состојба.

На 16 та седница беше изгласан и предлог за изрекување мерка јавна опомена за Телевизија 24 Вести  за прекршување на член 50, став 3 од Законот за аудио и аудио визуелни медиумски услуги, односно се однесува на Законот за заштита на малолетни лица, со емитување на програма за која е потребна соодветна категоризација.