Заев и Ципрас не веруваат дека може да се поништи Преспанскиот договор – ММС
ММС

Објавено на: 04/2/19 2:07 PM

Заев и Ципрас не веруваат дека може да се поништи Преспанскиот договор

Историски чекор напред за Балканот и Европа е оценката што премиерите на Македонија и Грција Зоран Заев и Алексис Ципрас ја дадоа за денешната прва официјална посета на Македонија. На заедничката прес конференција беа потпишани билатерланио договори во областа на енергетиката, одбраната, здравството, надворешната политика, што според Ципрас ги отвора вратите на целосно заживување на Договорот од Преспа. Ние сме тука да градиме мостови, наместо да градиме ѕидови, Ципрас.

– Изгубивме многу време, мора да трчаме, да брзаме, изгубивме три децении, мораме да ги премостиме овие јазови. Најважното прашање на денешната средба беше економијата и тоа не може да биде поинаку. Мора да забрзаеме, мора да ги премостиме јазовите од минатото. Има многу грчки претприемачии кои во моментов работат во Северна Македонија. Мојата делегација носи со себе претприемачи, повеќе од стотина, кои ќе имаат можност да разменат мислења и идеи, со цел да се постигне подобра соработка и подобри билатерални односи. На овој начин ќе ги заштитиме инвестициите и ќе избегнеме двојно даночење, што беше пречка во минатото имајќи предвид дека немавме нормални односи изминативе триесет години– рече Ципрас.

– Пред неколку месеци Грција беше првата држава што го ратификуваше пристапниот протокол за вашата држава кон НАТО, а денеска потпишавме меморандум за разбирање и унапредување на претпристапните и пристапните процеси на Северна Македонија во ЕУ, порача Ципрас, кој е во прва официјална посета на Скопје, на прес-конференција со премиерот Заев и нагласи дека најважното прашање на денешната средба била економијата.

На новинарско прашање што ќе се случи со Преспанскиот договор со промената на власта, бидејќи Грција ја очекуваат избори, двајцата премиери беа на ист став дека се борат за се задржат на власт. Ципрас објасни дека грчката опозиција е против потпишаниот договор, но нема да го поставува прашањето за Преспанскиот договор. Историјата покажала дека тоа што е потвредно и потпишано и во корист на граѓаните не се менува, рече Заев.

Порано се случуваше пилотот на владионит авион да го пренасочи, со цел да не го користи возушниот простор на Македнија, кажа Ципрас, кој најави дека сега со потпишаниот договор во одбраната ќе врши обука на воздушната контрола преку Солун, „со цел да се гарантира безбедноста на летовите над воздушнот простор на Северна Македонија“.

Заев појасни дека Македонија нема авијација и правило е во НАТО во тој случај да помогне земјата сосед. Во случајот, како што рече, Грција, како земја членка на НАТО ќе се грижи за безбенодста на македонското небо. Ципрас додаде дека добар сосед е стабилен сосед, затоа тоа ќе го прават бесплатно.

Грчкиот премиер додаде дека во иднина ќе мора да се формираат институциите кои ќе вршат надзор над спроведување на Договор. Додаде дека средбите на Комисиите задолжени за ревизија на учебниците, направиле голем чекор кон градење на довербата.

До средината на мај ќе почне со работа заедничка експертска група за комерцијална употреба на името, терминологијата, брендовите.

Денеска беше потпишан договор за отворање нов граничен премин меѓу Промахој од грчка страна и Мајден од наша страна кај Кавадарци.

Попладне Заев и Ципрас ќе го отворат бизнис форумот на које најавено учество на над 400 стопанственици од двете земји како обид да создадат можности за инвестициска и трговска размена.