Државната нафтена компанија на Саудиска Арабија („Сауди арамко“) стана најпрофитабилен бизнис во светот, остварувајќи профит од 111,1 милијарди долари во 2018 година, со што го престигна технолошкиот гигант „Епл“.
Како што пренесува „Гардијан“, „Сауди арамко“ дневно произведува 10,3 милиони барели сурова нафта, со што за четирипати остварува повисок профит од најголемите ривали во нафтената индустрија.


