Србија: Работници закупија фабрика во стечај и сега заработуваат милиони – ММС
ММС

Објавено на: 04/2/19 12:56 PM

Србија: Работници закупија фабрика во стечај и сега заработуваат милиони

Пред три години 677 работници на „Прва петолетка“ од Трстеник вложиле по 60.000 динари, средства добиени преку социјална програма, и ја закупиле фирмата што беше во стечај. Основале своја и успеале да ги задржат старите купувачи, но и да освојат нови пазари, па сега претпријатието им 900 вработени, пишуваат српски медиуми.

„Прва петолетка“ сега извезува 80 отсто од производството во 36 земји во светот. Од продажбата на пумпи, цилинди, хидраулични брави и резервоари, минатата година оствариле приход од 12 милиони и чиста добивка од половина милион евра.