Осомничените како организатори на криминалната група го планирале бројот на илегалните мигранти, обично од двајца до четворица, кои требало да бидат криумчарени, го договарале временскиот период и рутата по која ќе биде реализирано криумчарењето, како и локациите на кои во текот на криумчарењето мигрантите времено ќе престојуваат. Го договарале и начинот на обезбедување на гаранцијата и исплатата на договорениот паричен износ по пристигнување на мигрантите во земјите на крајна дестинација.
Имајќи ги предвид видот, тежината и висината на можната казна за кривичните дела за кои се товарат обвинетите, надлежниот обвинител со обвинителниот акт поднесе и посебен предлог за продолжување на мерката притвор за обвинетите со цел непречено спроведување на кривичната постапка.


