Федерацијата БиХ од Кина ќе земе кредит од 614 милиони евра – ММС
ММС

Објавено на: 04/2/19 11:24 AM

Федерацијата БиХ од Кина ќе земе кредит од 614 милиони евра

Домот на народите на парламентот на Федерацијата БиХ даде согласност „Електростопанство БиХ“ да подигне кредит од 614 милиони евра од Извозно-увозната банка на Кина заради изградба на блокот седум на термоелектраната „Тузла“.

Делегатите со мнозинство гласови го одобриле и давањето гаранции на ФБиХ за ова кредитно задолжување, така што, како што пишуваат босански медиуми, стекнати се условите за реализација на овој проект, чија изградба треба да почне во рок од три месеци.