Косово: Албанците основаат „трибунал за Срби“? – ММС
ММС

Објавено на: 04/2/19 11:21 AM

Косово: Албанците основаат „трибунал за Срби“?

Најавите од Приштина дека случаите на воени злосторства и други предмети на тешки кривини дела што до скоро беа во рацете на судиите на Еулекс ќе бидат префрлени во посебно одделение во Приштина, предизвикуваат страв кај косовските Срби од нови монтирани обвиненија, а дополнителен страв влева и тоа што косовските власти најавуваат и судења за воени злосторства во осуство, пишуват српски медиуми.

Со постепеното стеснување на мандатот на Еулекс од минатото лето, сите предмети што беа во надлежност на оваа мисија почнаа да се пренесуваат во косовските судови. За некои од тие предмети, како што наведуваат извори на „Новости“, обвиненија веќе се подигнати, некои се во фаза на истрага, а за оние што нема поведено обвиненија од страна на основните судови, одлучено е да се испраќаат во Основниот суд во Приштина, во посебно одделение што е во фаза на формирање, а во кое, според некои информаии, нема да има српски судии.

Иако е предвидено тоа одделение да се занимава и со злосторства што ги правеле припадници на ОВК, постои сомнеж дека одделението во Приштина ќе се претвори во „трибунал за Србите“, пишуваат белградските медиуми.