Еден од нив е 17-годишен тинејџер, кој потрча кон поворката на кралот Мохамед VI од Мароко и Папата Френсис, бидејќи сакал “да се пожали на кралот поради здравствени проблем на неговите родители”, соопшти агенцијата за национална безбедност на Мароко.
17-годишникот успеа да ја помине безбедносната бариера и трчаше кон автомобилот на кралот, пред да биде задржан од мажи во костуми.
Од Мароканскиот Генерален директорат за национална безбедност изјавија дека момчето е уапсено.
За цело време Папата Френсис не бил свесен за инцидентот. Не се знае како завршил тинејџерот кој се обиде да дојдеа до Папата.
Папата Френсис го помина овој викенд во официјална посета на Мароко, каде што се обиде да го премости јазот меѓу мнозинско-муслиманското население во земјата и припадниците на Католичката црква.
“Драги пријатели од Мароко, доаѓам како аџија за мир и братство”, објави на Твитер пред посетата во петокот.
Папата Френсис ја најави својата посета на Македонија за 7 мај.


