Општина Гостивар издаде забрана за градба на висококатница, лоцирана на улицата Сретко Крстевски во Гостивар – ММС
ММС

Објавено на: 04/1/19 5:51 PM

Општина Гостивар издаде забрана за градба на висококатница, лоцирана на улицата Сретко Крстевски во Гостивар

Општина Гостивар издаде забрана за градба на висококатница, лоцирана на улицата Сретко Крстевски во Гостивар.

Градоначалникот Арбен Таравари изјави дека и претходно на инвеститорот кој немал дозвола за градба му било наложено да запре со градежните активности. Но тој продолжил со градбата како што рече Таравари со подршка на централната власт поконкретно од ДУИ.

Од Гостиварскиот огранок на ДУИ ги отфрлија обвинувањата. Соопштија дека Таравари манипулира со граѓаните.

„Надлежностите во урбанизмот ги има општината. Ниедна надлежност нема централната власт, ниту пак, ние, како партија. Градоначалникот намерно ги става во заблуда инвеститорите и манипулира со граѓаните, бидејќи не го запрел градењето на самиот почеток, а објектот почнал да се гради за време на неговиот мандат. Тој дозволил да се изградат неколку спрата и со месеци не преземал мерки. Испраќа многу лоша порака до потенцијалните инвеститори. Во иднина нема да не` чуди ако не обвини нас и за неговата работа како лекар, затоа што од почетокот на мандатот, не работи ништо друго”,  наведуваат од ДУИ.

Што понатаму со бесправниот објект и дали ќе се урива од Општина Госотвар засега не даваат одговор.

Зоран Димовски