Ако лани во првото тромесечје од годината биле регистрирани 253 пожари во скопскиот регион, оваа година во истиот период се гаснеле дури 680 пожари. Ова што сега се случува со пожарите, не било никогаш, забележува Владимир Симоновски, командир на на ТППЕ Скопје.
Според него, сите пожари се предизвикани од човекот. Земјоделците ги палат стрништата, сточарите палат за да обезбедат пасишта, собирачите на печурки, за да заработат од печурките што потоа никнуваат. Палат и луѓе кои сакаат да дојдат до ефтини дрва за огрев.
Владата на 29-ти март забрани движење во шумите и ќе трае се до нејзино отповикување.
За непочитување на оваа забрана на физички лица кои се затекнати да се движат во шума и шумско земјиште, согласно член 106 од Законот за шумите ќе им се изрече глоба од 1.500 до 2.000 евра во денарска противвредност.
Забраната не важи за движење во парк шумата Водно, Гази Баба како и за организирани тури на туристи за туристичко разгледување на шумите со стопанска намена, Националните паркови и заштитените подрачја со посебна намена.
Исто така, се известуваат сите граѓани на Република Северна Македонија дека се забранува палење на стрништа, плевел и други растителни отпадоци во ловиштата, соопштија од Владата.


