Преку јавна набавка се бараат делови за поправка на опремата, која пратениците ја користат во фитнес салата во зградата на Собранието, што беше отворена пред четири години. Ако се суди според потребите за замена, пратеници најмногу работеле на билдање на мускулите на рацете и нозете, а ги јакнеле и стомачните мускули. Ја користеле опремата за трчање, на која треба да се замени речиси се’ од мотор до дисплеј. Потоа некои поситини делови на Орбитрек-от и Степер-от, а се менуваат и делови на статичниот велосипед и машината за веслање. На списокот за поправка или замена на делови се вкупно 12 справи, меѓу кои доминираат оние што ги јакнат мускулите на градите, стомакот и грбот.
За поправката на опремата во фитнес салата, Собранието ќе потроши близу 5.000 евра.
Кратко по отворањето на фитенс салата во реконструираниот Парламент, со фотографија од билдањето мускули се пофали пратеникот од ВМРО ДПМНЕ, Антониот Милошоски.
– Фитнес-салата најмногу ја користиме во паузата за ручек од 14 до 15 часот, и наместо да ручаме во собранискиот ресторан, ќе изедеме една бисквита или кроасан и влегуваме во сала. После тоа, подготвени сме за второто полувреме од седницата, видно посвежи, поенергични и поефикасни во дискусиитe – изјави тогаш Милошоски за „Вечер.


