Кинези – потенцијални купувачи на некогашната Политичка школа во Кумровец – ММС
ММС

Објавено на: 04/1/19 11:15 AM

Кинези – потенцијални купувачи на некогашната Политичка школа во Кумровец

Министерството за државен имот на Хрватска објави уште еден јавен повик за поднесување понуди за купување недвижност во сопственост на Република Хрватска – хотелот „Загорје“, односно некогашната Политичка школа во Кумровец. Повикот трае до 7 мај.

„Јутарњи лист“ дознава дека за купување на запуштеното здание е заинтересирана кинеската компанија „Z-Run Well Ton Industry“. Нејзината претседателка за десетина дена треба и да го посети Кумровец.

– Очекувам оваа кинеска компанија да се пријави на јавниот повик. Со нејзе веќе потпишавме и меморандум за соработка. Тие најавија и оти сакаат да инвестираат во Кумровец поради поврзаноста со Јосип Броз Тито, кого во Кина многу го почитуваат – вели Роберт Шпљат, градоначалник на Кумровец.

Тој додал и оти за зградата на некогашната Полтичка школа изградена во 1981 година, сега позната како хотел „Загорје“, имало интерес и од уште една кинеска компанија, како и од австриски инвестициски фонд.