Балканскиот гигант „Агрокор“ денеска замина во историјата – ММС
ММС

Објавено на: 04/1/19 11:10 AM

Балканскиот гигант „Агрокор“ денеска замина во историјата

Од денеска, 1 април 2019, хрватскиот „Агрокор“ дефинитивно останува во минатото, а со работа почнува Фортеновата група, која го презема работењето на гигантот со повеќе од 200 компании во Хрватска и надвор од неа.

Денеска треба да се одржи и првото Собрание на сопствениците на новата Фортенова група. Тоа ќе се одржи во Амстердам, Холандија.