Либералната Зузана Чапутова победи во саботата на претседателските избори во Словачка и стана прва жена-претседател на 5,5-милионската земја, членка на ЕУ и на НАТО.
Четириесет и петгодишната Чапутова на бранот на незадовоството на јавноста поради корупцијата го победи во вториот круг 52-годишниот Марош Шефчович. Проемената на власта почна да се навестува по ланските протести поради убиството на истражувачкиот новинар Јан Куцкаи, на кои учествуваше и Чапутова.


