Автопатот Миладиновци-Штип останува затворен до средината на мај – ММС
ММС

Објавено на: 03/31/19 5:08 PM

Автопатот Миладиновци-Штип останува затворен до средината на мај

Иако е готов автопатот Миладиновци – Штип ќе биде пуштен во употреба кон средината на мај. Датумот за негово пуштање неколку пати досега беше преместуван поради тоа што не биле предвидени пристапни патишта за околните населени места. Директорот на ЈП за државни патишта вели дека безбедноста на граѓаните е најважна и затоа не се брза со негово пуштање.

-Во проектот немаше патишта кои што се сервисирани за локалното население од околината. Тоа е делот веднаш спроти Свети Николе каде што има над 50 куќи кои што никако не биле опфатени, а претходно излегувале директно на патот. Никако не биле опфатени како да одат сега до Свети Николе. Ние го видовме тоа, се проектираше надпатникот и тој е готов. Сега останува за странично да се поврзе и да се спои со тие населени места, рече Директорот на ЈП Државни патишта Зоран Китанов.