Политичките партии ќе бидат категоризирани како иматели на јавни информации. Ова го предвидуваат предлог измените на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, како и трансформација на посотечката комисија во Агенција. Со измените се предвидува дел од Агенцијата да бидат само директорот и неговиот заменик без други членови.
Претседателот на оваа комисија, Блерим Хисени, го оценува како погрешен пристапот партии да станат иматели на јавни информации. Според него, во Централниот регистар има над 80 политички партии, од кои некои учествувале само во еден или два изборни циклуси.
„Искуството покажува дека во Македонија имаме политичка партија со еден или двајца, кои не се одјавиле, и се уште фигурираат како партија или како субјект. Исто така, наидовме на политички партии кои немаат ни седиште или адреса. Тука ќе има вакви проблеми“, рече Блерим Хисени- претседател на КОМСПИ.
преземено-alsat-m


