Штип:Поради градежни работи на обиколницата,возилата кружат по црн пат – ММС
ММС

Објавено на: 03/31/19 12:09 PM

Штип:Поради градежни работи на обиколницата,возилата кружат по црн пат

Поради финиширање на активностите поврзани со изградбата на кружниот тек во населба Пребег,во петокот од општина Штип информираа дека во недела  ќе се одвива изменет режим на сообраќај, кој се однесува на целосно затворање на новиот кружен тек на Булевар „Гоце Делчев“ кај населбата Пребег.

 

Овој дел од Булевар „Гоце Делчев“ ќе биде затворен за сообраќај во недела, од 08:00 часот до 17:00 часот.