Обвинителството од Широк Брег побарало притвор за три лица кои што се осомничени дека на Ф.Б отвориле лажни профили и нуделе услуги за обложување за наводно сигурни добивки со што на лицето Д.Л му собрале околу 90.000 евра.
Притворот е предложен поради опасност од влијание на сведоци, уништување и криење на докази и траги и поради опасност од повторување а кривичното дело.
Станува збор за момчиња од 23 и 21 година,додека за дваесет и шестгодишниот Н.Д предложена е мерка, забрана за напуштање на домот и заврана за патување, како и забрана за среќавање со одредени лица.
Трите момчиња се сомничат за кривично дело измама и изнуда, откако на Ф.Б отвориле лажни профили и нуделе услуги за обложување на наводно сигурни парови.
За да ги доведат муштериите во заблуда ставале фотографии од лажни добивки, на обложувачки ливчиња и фотографии и видеозаписи на голем број банкноти.
Во јуни 2018 година стапиле во контакт со Д.Л на која и’гарантирале дека и во случај паровите да не се добитни ќе може да си ги врати парите.
На тој начин во повеќе наврати од оштетената изнудиле околу 185.000 марки ,а парите им ги уплаќала преку Vestern Juniona и PostNeta.
Кога оштетената сфатила дека ги изгубила парите и се јавиле и други оштетени кои што и ветиле помош во враќањето на изгубените пари.


