Кираџиева победи на женската трка во Скопје – ММС
ММС

Објавено на: 03/31/19 11:06 AM

Кираџиева победи на женската трка во Скопје

Билјана Караџиева е победничка на три километарската трка, Авицена женска атлетска трка, која денеска се одржа во Скопје. Атлетичарката на скопскиот клуб Ендуранс патеката ја мина за време 10:40.На второто место се најде Ирма Хајдари од клубот Лирија, која истрча со време 10:54, додека на третото место заврши Ања Еклер (11:21).

Седмото издание на Авицена Женска трка успеа да ги изненади сите. Од бројот на учеснички до големата позитивна енергија која се прошири низ Скопје. Како предвесник на Виз Ер Скопски маратон, Авицена Женска трка го истакна значењето на трчањето. Околу 2.400 учеснички стапнаа на патеката со голема мотивација и желба да покажат дека спортот и здравјето треба да е секојдневие на што поголем број луѓе.

Жени од секоја професија и со различни карактери го исполнија бул. Илинден и стартуваа од фонтана Лотус. Трката беше долга 3 километри и имаше натпреварувачки карактер. Прва заврши Биљана Кираџиева, со 10:40 минути, додека втора беше Ирма Хајдари, со 10:54 минути, и трета Ања Еклер, со 11:21 минути. Воедно, медаљи им беа доделени и на сите кои завршија помеѓу првите три во 7-те возрасни категории. По наградите следуваше лотаријата преку која беа извлечени среќните добитнички на подароци од партнерите на Авицена Женска трка.

„Ова е ден на сплотеност и заедништво. Прекрасно се чувствуваме сите. Ни претставува исклучително задоволство што можевме да го постигнеме ова како организациски тим. Најголемата енергија доаѓа од учесничките. Се гледа дека со љубов трчаат и ја сакаат патеката. Затоа со голем труд даваме сѐ од себе оваа трка да биде што е можно подобра од година во година.”, порачува Гордана Николовска од Сојуз на спортови од Град Скопје. Таа додаде дека трката е посветена на Снежана Караџовска која исто така учествуваше на Женска трка да ја покаже нејзината желба за повторно да прооди.