Претседателските кандидати Река, Сиљановска Давкова и Пендаровски ќе потпишат Кодекс за фер и демократски избори – ММС
ММС

Објавено на: 03/31/19 9:09 AM

Претседателските кандидати Река, Сиљановска Давкова и Пендаровски ќе потпишат Кодекс за фер и демократски избори

Кандидатите за претседател на Република Северна Македонија Блерим Река, Гордана Сиљановска Давкова и Стево Пендаровски, денеска во просториите на Државната изборна комисија (ДИК), ќе потпишат Кодекс за фер и демократски избори.
Како што е соопштено, настанот го организира Државната изборна комисија врз основа на член 8-в од Изборниот законик.
Кампањата за претседателските избори почнува од утре, 1 април и завршува на 19 април на полноќПрвиот круг на гласање за претседателските избори ќе се одржи на 21 април, а вториот на 5 мај.