Дел од булеварот „Илинден” затворен за сообраќај – ММС
ММС

Објавено на: 03/31/19 8:52 AM

Дел од булеварот „Илинден” затворен за сообраќај

Поради одржување на традиционалната Атлетска женска трка, во организација на Сојузот на спортови на Скопје од 9:30 до 11:00 часот ќе биде затворен за сообраќај булеварот „Илинден” во Скопје, на потегот од Фонтана – Градски гарк до крстосница со булеварот „8 Септември”.

Како што информира МВР, сообраќајот ќе биде пренасочен по булеварот „Св.Климент Охридски”, улицата „Орце Николов” и булеварот „8 Септември”.