Куркума и топла вода за детоксикација на организмот – ММС
ММС

Објавено на: 03/30/19 5:26 PM

Куркума и топла вода за детоксикација на организмот

Куркумата е добро позната јужно-азиска зачинска билка која започна да се користи и на Запад во последните години поради гоемите бројни здравстрвени ефекти. Дали знаевте дека таа може да ја подобри работата на црн дроб и мозокот?

Овој зачин се користел со векови како лек за болестите на црниот дроб. Меѓутоа ескпертите започнале да ги испитуваат здравствените ефекти научно-докажано изминатите 20 години.
Она што тие го откриле е дека куркумата е доста корисна затоа што има значајни анти-инфламаторни и антоксидансни ефекти. Неговата активна состојка куркумин го намалува ризикот од појава на болести на црниот дроб со што помага при чистењето на токсини од телото. Во црниот дроб се врши акумулација но и исфрлање на сите отрови од телото па затоа редовниот детокс  е препорачлив за секого.

Храната, начинот на живот, стресот, загаденоста во воздухот, хемикалиите и бројни фактори влијаат врз акумулацијата на токсини во телото. Колку повеќе токсини толку е поголема веројатноста за појава на болести и намален имунитет.

Доколку сакате да се чувствувате свежи тогаш овој рецепт е одличен за детокс во било кој период од годината.

Состојки:

1/4 лажица куркума

1-2 чаши вода

Мотод на подготовка:

Зовријте ја водата, додајте ја куркумата и гответе уште 10 минути. Оставете малку да се олади и пијте ја топла рано наутро пред да го консумирате својот појадок.