Пчелниот полен е мешавина на различен полен кои го собираат пчелите додека летаат од еден цвет на друг. Пчелниот полен соджи витамини, минарали, јаглени хидрати, масти и протеини. Пчелниот полен е популарен народен лек за многу здравствени проблеми вклучувајќи ги ПМС и зголемена простата. Исто така се користи и како енергетски пијалок.
Зошто луѓето го користат поленот од пчели?
- Едно истражување смета дека пчелниот полен ги намалува споредните ефекти од терапијата на зрачење и лечење од рак.
- Поленот се користи за лечење од алкохолизам, астма, алергии, зајакнување на имунитетот и стомачни проблеми.
- Позитивно влијае на лекувањето на хроничен простатит или зголемена простата.
- Според некои истаржувања се смета дека поленот може да ги намали симптомите на ПМС.
- Меѓутоа потребни се поголеми испитувања за со сигурност да се потврди дали поленот помага во овие состојби.
- Поленот помага во зголемување на апетитот, спречува прерано стареење, реуматизам, болно мокрење, проблеми со простатат како и во мачнина последица на зрачењето.
- Се користи при проблеми на крварење, вклучувајќи повраќање и искашлување на крв, крвава дијареа, крварење од носот, крварење од мозокот и менструални проблеми.
- Се користи за проблеми со стомакот и желудникот.
- Поленот ја омекнува кожата, па се користи како крем или маска за кожа, лице и тело. Се верува дека помага во третирање егземи, бубулици и лузни
Колку полен треба да конзумирате?
Бидејќи користењето на поленот нема докажан третман, не постои стандардна доза. Некои луѓе користат 1/8 до 1/4 лажичка гранули дневно. Дозата постепено се зголемува до 6 лажички. Прашајте го вашиот лекар за совет колкава доза полен да земате дневно.


