Заев: Итно ни е потребна преквалификувана работна сила за што имаме мерки – ММС
ММС

Објавено на: 03/30/19 4:10 PM

Заев: Итно ни е потребна преквалификувана работна сила за што имаме мерки

Неопходно е итно преквалификување на работната сила за македонското и стопанството во Пелагонија, средена инфраструктура и слободен проток на работната сила во регионот, истакна премиерот Зоран Заев по денешната средба во Прилеп со стопанствениците од Прилепско-битолскиот регион.

Според премиерот Заев, Пелагонискиот регион партиципира со 12 проценти во бруто домашниот производ. Отворени се повеќе теми. Мора да се развива продуктивноста и конкуретноста на домашното производство.

-Иако невработеноста е 19,4 проценти во државава, од кои 50 отсто невработени се со основно, околу 26 проценти со средно образование, а најмал е процентот невработени со високо образование. Тоа го крева алармот во државата дека мора брзо да ја квалификуваме работната сила за да имаме економски развој и младите луѓе да најдат образование. Зборувавме за двата модалитета – дуалното образование и потребата да направиме практична едукација. Оваа практична едукација е поддржана со 20 милиони евра преку Агенцијата за вработување, кои бизнисмените може да ги користат како средства. Вториот дел е преку образовниот процес, да има практична едукација во средните стручни училишта. Со законските измени намалени се прекршочните казни при инспекциските контроли и од досегашните максимални казни од 5 000 евра, сега се од 50 до 2 000 евра, односно, повеќе од 60 отсто, но прво со опомена, а потоа казна. Мобилност на квалификуваната работна сила, значи дека дел од нашите квалификувани кадри кои не може овде да најдат работа, но и дел од квалификуваната работна сила од соседрвото овде да најде работа. Тоа е во делот на европската економска агенда.за регионот, но и либерализацијата на визните режими. Тие дебати се отворени во Владата, изјави Заев.

Македонија е стабилна на меѓународен план, сега е, вели, време да се работи на равој на економски план.

-Имаме добра клима, особено на меѓународен план, пријателство со соседните земји, до крјаот на оваа и почетокот на 2020 очекуваме членство во НАТО, во јуни очекуваме почеток на преговори за членство во ЕУ, па економските перспективи во државата се огромни. Заедничка задача на сите е да ги зголемиме продуктивноста и конкурентноста на домашното стопанство, ако сакаме да донесеме економски живот за сите граѓани и младите да останат во земјава, а и бизнисмените да бидат задоволни и мотивирани да имвестират овде, смета Заев.

Битен е, нагласува и развојот на инфраструктурата.

-Разговаравме за патните правци во целиот регион, особено за експресниот пат Градско-Дреново-Прилеп, се подготвува документација за патот Прилеп-Битола што се значајни проекти за развој на овој регион. Разговаравме за идејното решение за да се пробиеме преку Бабуна-Велес-Прилеп-Битола до Меџитлија. беше најавена и програмата од 70 милиони евра за локалните патишта за проектот „Македонија без кал”, рече Заев по денешната средба со стопанствениците од Пелагонискиот регион.