МВР со демант до НСП: Интензивно ги подобруваме условите за работа – ММС
ММС

Објавено на: 03/30/19 3:22 PM

МВР со демант до НСП: Интензивно ги подобруваме условите за работа

Министерството за внатрешни работи ги демантираше информациите на Независниот синдикат, кој денеска обвини дека граничната полиција е на раб на егзистенција.

– Најостро ги демантираме дезинформациите и лажните вести изнесени од Независниот синдикат на полицијата со кои тенденциозно се обидува на јавноста да и се претстават состојби што се далеку од реалноста. Во изминативе две години актуелното раководство на МВР континуирано работи на подобрување на затекнатите состојби во кои што беа полициските службеници – истакнуваат од МВР по денешната прес конференција на независните синдикалци.

Според МВР, интензивно се вложува во подобрување на условите и стандардите за работа, користејќи се со сите објективни капацитети и можности што се на располагање.

– Јавноста континуирано има можност директно да биде запознаена за се’, а тоа ќе го правиме и во иднина промовирајќи го подобрувањето на условите за работа на полициските службеници низ целата држава и во сите организациски единици – се вели во соопштението.