Пожари во кумановско Живиње и во липковско – ММС
ММС

Објавено на: 03/30/19 11:20 AM

Пожари во кумановско Живиње и во липковско

Фото: Архива

Два пожара се активни на подрачјето во поширокиот кумановски регион, во село Живиње и над Никуштак – информирааат Територијалната противпожарна единица и од кумановската подружница на „Македонски Шуми”. Во Живиње, на границата со светиниколско гори нискостеблеста шума, но поради ветерот постои опасност да се прошири и да зафати висока дабова шума.

Пожарот во кумановското село Живиње понал вчера и на терен биле екипи од претпријатието и две екипи на кумановската противпожарна единица. Командирот на ТППЕ Куманово, Дејан Илиевски информираше дека вчера две екипи интервенирале на пожарот, а утрово е испратена нова екипа на пожаринкари.

„И утрово е активен пожарот, го гасеа наши екипи и противпожарната единица и денеска ќе побараме помош од пожарникарите“, изјави директорот на кумановската подружница, Луан Бајрами.

Се’  уште гори нискостеблеста дабова шума во липковско, над село Никушатк во месноста „Баре”. Екипите на шумско стопнаство до тринаесет вработени и со помош на дванесет мештани го гаселе пожарот. Вчера, со осум налети со авион се обидувале и надлежните да го изгасат овој пожар.