Страшен пожар во атарот на селото Саса,се евакуираат жители – ММС
ММС

Објавено на: 03/29/19 11:41 PM

Страшен пожар во атарот на селото Саса,се евакуираат жители

Страшен пожар го зафати атарот на село Саса. Според информации од терен се евакуираат луѓето кои живеат во близина на маалата Траканица и Аџиите.Луѓето земаат се што можат и бегаат. Ангажирани се голем број на човечки и технички ресурси како од М.Каменица така и соседните градови. Се поизвесно е дека во утринските часови неминовна ќе биде потребна интервенција од авионско гаснење.

Фотографиите се од самото место каде се гасне пожарот во Саса. Во локализирањето на пожарот учествуваат екипите на ТППЕ од Македонска Каменица и регионот, екипи на „Национални шуми“ и Шумска полиција, а според неофицијални информации на терен се наоѓаат и вработени во граничната полиција. Неминовна ќе биде сеопфатна акција, која засега поради мракот не е возможна. Она што со сигурност се знае е дека луѓето се евакуираат и земаат она што може да се земе од своите имоти.

Нашиот дописник информира дека пожар избувнал доцна попладне и во близина на селото Разловци.