Веќе трет ден беснее пожар во селото Седларево Општина Желино. – ММС
ММС

Објавено на: 03/29/19 6:29 PM

Веќе трет ден беснее пожар во селото Седларево Општина Желино.

Пламените јазици се закануваат да ги проголтаат и другите атари на селата од овој предел на планината Сува Гора. Вчера бил зафатен и атаротот на село Мерово, но пламените јазици веќе се локализирани од територијалната противпожарна единица Тетово. Моментално во атарот на село Седларево гори шума. Се дежура постојано, со цел да не стигне пожарот до куќите на селата Седларево и Луковица.

Пожар беснее и во гостиварска Лакавица, каде во гасењето се вклучени повеќе институции. Со покачување на температурите зачестија пожарите во тетовско, од кои голем број се предизвикани поради невнимание односно човечки фактор како палење на стрништа и фрлање на разни догорчиња на отворен простор.