Младината во полошко се едуцира за опасностите од употребата на дрогата, се изречуваат казни за ваквите девијантин појави, но таа се уште е во подем во овој регион на државата, според статистиките на полициските билтени. Проблемот според познавачите на приликите, лежи во неинформираноста на младите, но и неажурноста на нивните родители.
Младината потпаѓа под влијаните на наркоточните средства поради нивните години односно наивноста. Познавачите на приликите, велат дека освен институциите и родителите треба да разговараат со децата во врска со дрогата која е многу штетна и достапна.
Експертите посочува дека родителите честопати и не знаат дека нивните деца користат дрога.
Полициските билтени кажуваат дека зачестена е појавата на употреба на дрога кај малолетниците, а неретко кај нив се наоѓа дрога која планираат да ја дистрибураат и продаваат.
Во насока на едукација на младината, Секторот за внатрешни работи Тетово спроведува проект во училиштата на гостиварското и на тетовското подрачје за превенција од дрога и алкохол.


