Внимавајте:Ретко кој родител знае дека неговото дете употребува дрога – ММС
ММС

Објавено на: 03/29/19 6:04 PM

Внимавајте:Ретко кој родител знае дека неговото дете употребува дрога

Младината во полошко се едуцира за опасностите од употребата на дрогата, се изречуваат казни за ваквите девијантин појави, но таа се уште е во подем во овој регион на државата, според статистиките на полициските билтени. Проблемот според познавачите на приликите, лежи во неинформираноста на младите, но и неажурноста на нивните родители.

Младината потпаѓа под влијаните на наркоточните средства поради нивните години односно наивноста. Познавачите на приликите, велат дека освен институциите и родителите треба да разговараат со децата во врска со дрогата која е многу штетна и достапна.

Експертите посочува дека родителите честопати и не знаат дека нивните деца користат дрога.

Полициските билтени кажуваат дека зачестена е појавата на употреба на дрога кај малолетниците, а неретко кај нив се наоѓа дрога која планираат да ја дистрибураат и продаваат.

Во насока на едукација на младината, Секторот за внатрешни работи Тетово спроведува проект во училиштата на гостиварското и на тетовското подрачје за  превенција од дрога и алкохол.