Активни неколку пожари во кавадаречко – ММС
ММС

Објавено на: 03/29/19 5:56 PM

Активни неколку пожари во кавадаречко

Не запира пироманското однесување на несовесните граѓани во кавадаречко. Денеска се активни неколку пожари на повеќе локации. Зафатена е сува треба и ниско стеблеста шума, потврдуваат за канал 77 од ТППЕ Кавадарци.

Во гаснењето на пожарите се вклучени пожарникари и вработени во Македонски шуми, подружница „Бор“ Кавадарци.

Првичните информации укажуваат дека пожарите се настанати поради несовесен однос на некои граѓани кои палат стрништа и меѓи, но спалуваат и растителни остатоци после кроење.

„Пожарите се премногу зачестени овој период во регионот. Само денеска имаме четири активни пожари. Еден пожар е над селото Ваташа, кај селските гробишта. Пожар има и во близина на боровата шума кај Љубаш, а гори и кај Фариш и Росоман. Апелирам до сите граѓани да се воздржат од палење оган на отворено, бидејќи сувата трева е како барут и никој неможе да ги контролира пламените јазици“ вели Петко Ристовски, одговорен за заштита од пожари во Македонски шуми.

Од ТППЕ Кавадарци информираа дека пожарот во близина на Росоман се приближувал до првите куќи во селото.

Ангел Данов