Штип:Старец нападнат и ограбен во неговата куќа – ММС
ММС

Објавено на: 03/29/19 4:26 PM

Штип:Старец нападнат и ограбен во неговата куќа

Осумдесет и едногодишен штипјанец бил нападнат и ограбен во неговата куќа.

Според информациите од билтенот на СВР Штип,кражбата во Полиција вчера ја пријавила неговата снаа, четириесет годишната В.Џ.

Според информациите ,непознатиот сторител ја  извршил разбојничка кражба над нејзиниот свекор во дворот од семејната куќа на ул,,Коле Неделковски“ во Штип.

Од извршениот увид било констатирано дека вчера околу 7.30 часот  крадецот  влегол во дворот и од маса во дворот ги одзел клучевите од куќата, влегол внатре и одзел паричник со пари и физички го нападнал Д.Џ.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за  целосно расчистување на случајот.