Пожар во куќа во сопственост на хотелот ,,Ледер“,повредено едно лице – ММС
ММС

Објавено на: 03/29/19 3:35 PM

Пожар во куќа во сопственост на хотелот ,,Ледер“,повредено едно лице

Едно лице се здобило со изгореници во пожарот што избувнал вчера попладне во куќа сопственост на хотелот,,Ледер“ во Кочани.

Според податоците објавени во билтенот на СВР Штип,пожарот во Полициската станица во Кочани бил пријавен во 18.45 часот.Во пожарот што избувнал во куќа сопственост на хотелот ,,Ледер“вработениот  педесет и девет годишниот А.Т од Кочани се здобил со изгореници.

Тој, по укажаната лекарска помош во Јавната здравствена установа-Кочани, бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Пожарот бил локализиран од екипа на Територијалната противпожарна единица-Кочани,  а увид  се врши во текот на денот.