„Сеф“ и „Златна рипка“ повторно на продажните места на Државна лотарија на Македонија – ММС
ММС

Објавено на: 03/29/19 1:27 PM

„Сеф“ и „Златна рипка“ повторно на продажните места на Државна лотарија на Македонија

Од денеска на сите продажни места на Државна лотарија на Македонија, нови серии од инстант лотаријата „Сеф“ и од инстант лотаријата „Златна рипка“.  По успешните  серија 1 и серија 2 од инстант лозот „Сеф“ и по барање на играчите Државна лотарија на Македонија ја пласира и третата серија, која повторно за 40 денари може да ве доведе до вредни парични добивки.

„Сеф-от“ на Државна лотарија на Македонија е полн со најразлични парични добивки , почнувајќи од 40 денари па се’ до 600.000 денари. Најголемата добивка  од 600 000 денари е предвидена за тројца најуспешни отворачи на „Сеф-от“ , а за другите играчи овој инстант лоз нуди 5 добивки од 100.000 денари, 7 добивки од 50.000 денари па се до 130.000 добивки од по 40 денари.  Цената на инстант лозот е 40 денари , па затоа не пропуштајте ја шансата да го отворите „Сеф-от и да добиете една од 161.835  добивки кои ги нуди овој лоз. Играта е забавна, а лозот е добитен доколку трицифренета   добитна шифра   се совпаѓа со една од трицифрените  твои шифри  кои се наоѓаат во шесте полиња означени со 1 2 3 . Третата серија на овој инстант лоз е 500 000 лозови , од кои 161.825 лоза се добитни, односно  секој трет лоз е добитен – појаснуваат од Државната лотарија.

„Златната рипка“ пак, од денеска е во продажба во својата петта серија. Овој инстант лоз до сега донесе многу добивки, многу интересни приказни и многу уловени милиони. Како и во претходните четири серии и овој пат лозот „Златна рипка“ носи три шанси за добивка на еден инстант лоз, така што еден инстант лоз може да донесе и до три добивки , од кои најголемата е 1.000 000 денари, по неа 500 000 денари, 100 000 денари, 50 000 денари.

Инстант лотаријата на Државна лотарија на Македонија многу пати до сега израдувала многу играчи , а особено „Сеф-от“ и „Златната рипка“  раскажаа многу добитни приказни, збогатија многу играчи и поделија многу парични добивки. Бидете и вие дел од игрите на среќа , бидејќи само кој игра, тој и добива – порачуваат од Државната лотарија.