„Титаник 2“, репликата на најпознатиот брод, ќе заплови во 2022 година – ММС
ММС

Објавено на: 03/29/19 1:22 PM

„Титаник 2“, репликата на најпознатиот брод, ќе заплови во 2022 година

Во тек е изградбата на „Титаник 2“, реплика на оригиналниот „Титаник“, најпознатиот брод во светот што потона на својата прва пловидба на 12 април 1912 година во водите на северниот Атлантик при удар во санта мраз. Новиот „Титаник“ првата пловидба треба да ја има во 2022 година.

Сопственик на „Титаник 2“ е австралискиот милијардер Клајв Палмер, кој на идејата за изградба на репликата дошол во 2013, а очекува бродот да стане туристичка атракција и да плови низ светските води. Има и критичари на проектот зашто во него гледаат комерцијализација на трагедијата од 1912 година.