Хрватска за одбрана троши повеќе од Германија, Италија, Шпанија… – ММС
ММС

Објавено на: 03/29/19 1:18 PM

Хрватска за одбрана троши повеќе од Германија, Италија, Шпанија…

Од 29. земји-членки на НАТО, Хрватска со 1,71 отсто од БДП е на десеттото место според издвојувањата за одбраната, покажуваат најновите податоци на Алијансата што ги пренесуваат хрватски медиуми.

Целта на НАТО е сите членки да издвојуваат најмалку по два отсто од БДП, но тоа ретко кој го прави, а многу поразвиени земји издвојуваат помал процент од Хрватска, како, на пример, Германија, чиј одбранбен буџет е 1,23 отсто од БДП.

Хрватска со значителното зголемување на воениот буџет од 1,71 отсто од БДП сега била водечка во регионот. До скоро тој процент кај неа бил 1,3 отсто, со што била на 16. место во НАТО.