Во Атина започна македонско-грчкиот форум на тема:Дезинформации и Договорот од Преспа. – ММС
ММС

Објавено на: 03/29/19 12:17 PM

Во Атина започна македонско-грчкиот форум на тема:Дезинформации и Договорот од Преспа.

На почетокот министерот за дигитална политика, телекомуникации и медиуми, Никос Папас кажа дека грчкото општество е жртва на лажните вести, кои се хранат од национализмот. За грчката власт, Договорoт од Преспа е реалност и создаде нова политика во Европа, додека јавноста сехранеше со наплив на лажни вести, почнувајќи од најчестата дека со договрото, Грција се откажа и го предаде името Македонија. На форумот се и министрите Дамјан Манчевски и Роберт Поповски, новинари, како и претставници на граѓанскиот сектор.

Манчевски кажа дека Преспанскиот договор создаде ново сојузништво, не само пријателство а токму транспарентноста  и брзиот одговор е единствената алатка против лажните вести кои се интензивираа особено во време на референдумот и усвојувањето на уставните измени

„Во периодот од 1 април 2018 до 15 март 2019 беа објавени околу 50.000 информации за Преспанскиот договор на макеоднски и на албански јазик. 10% од нив се лажни вести. Бројот на лажните вести се зголеми во периодот пред и за време на референдумот и во текот на усвојувањето на уставните амандмани. Утврдено е дека лажните вести биле координирано од еден центар“, рече Мачевски.

Опозицијата од двете земји ги користи истите аргументи користејќи стереотипи и национлизмот како плодна почва, рече портпаролот на грчката влада Димитри Ѕанкополус. Тој го обвини претходниот систем на Андонис Самарас во раните девдесети на минатиот век, кој ги врати стереотипите и ги зацврсти како алатка, што обилно ја користеше изминатите години. Оваа алатка ја усвои сега сегашната опозиција предводена од Нова Демократија.

Министерсот без ресор Роберт Поповски оцени дека само вистината е алатката во борба против лажнните вести. Остануваме на ставот дека гласност и транспареност мора да има, рече Поповски.

„Владата демонстрира дека има силна воља за медиумска реформи. Се заложивме за отворена влада. На лажните вести ја спротиставивме вистината, Вистината ќе го продлабочи пријателството Порака – владите на двете земји и медиумите ќе бидеме педводници на овие процеси“, изјави Поповски.

Следната недела премиерот Алексис Ципрас доаѓа во Македонија. Ќе го придружува поголема делегација составена од повеќе сектори и ќе бидат потпишани повеќе договори.