На францускиот атлантски брег настрадале 1.100 делфини – ММС
ММС

Објавено на: 03/29/19 12:18 PM

На францускиот атлантски брег настрадале 1.100 делфини

Од јануари досега на францускиот атланстки брег се пронајдени 1.100 мртви делфини, кои веројатно се жртви на индустриски риболов, а тоа ја разбуди француската јавност да реагира. Она што ги шокирало француските истражувачи, освен големиот број мртви делфини, е бруталоста и начинот на кој се убивани овие многу интелигентни и дружељубиви цицачи. Телата им биле осакатени, перките отсечени, пренесува АП.

„Никогаш немало толку многу мртви делфини“, вели Вилили Даубин, член на Националниот центар за истражувања од универзитетот „Ла рошел“.

Иако тој рече дека 90 отсто од угинувањето на делфините се случува поради случајното фаќање во индустриските мрежи, причината за толку големиот број е се’ уште мистерија.