Се превртел со трактор на патот Сирково – Росоман и починал  – ММС
ММС

Објавено на: 03/29/19 11:56 AM

Се превртел со трактор на патот Сирково – Росоман и починал 

Педесетгодишниот К.Ј од росоманското село Сирково загинал денеска околу седум часот, откако се превртел тракторот со кој управувал, на стариот пат од селото кон Росоман.

Тој починал на лице место како последица на здобиените повреди, информираат од МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.