Британците денеска требаше да излезат од ЕУ, но се случува хаос – ММС
ММС

Објавено на: 03/29/19 11:08 AM

Британците денеска требаше да излезат од ЕУ, но се случува хаос

Денеска – петок, 29 март, требаше да биде последниот ден на британското членство во ЕУ. Така беше барем предвидено со договорот по референдумот во Обединетото Кралство на кој мнозинството граѓани се изјаснија за напуштање на Унијата. За овој ден беа планирани раскошни забави, многумина во Велика Британија 29 март го нарекуваа и Ден на независноста, пишува СНН.

Но, благодарение на Тееза Меј, денес не е тој ден, денот на напуштање на ЕУ. Наместо тоа, а по пропаднатото изгласување на нејзината спогодба, и тоа двапати, како и по неможноста парламентот да изгласа алтернативни решенија, во Велика Британија и денес ќе биде еден хаотичен ден.

Што ќе се случува не е јасно. Единствено што е јасно  е дека Велика Британија денеска не излегува од ЕУ. А кога ќе излезе – во април, мај…?